Fridrih Niče (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Gimnazija

Вовед
Фридрих Вилхелм Ниче (15 Октомври 1884 – 25 Август 1900) е Германски филозоф. Неговите дела се со критики за религијата, моралот, современата култура, филозофија и наука. Неговиот стил на пишување е особен, со многу афоризми и парадокси. Влијанието на Ниче останува незаменливо во и надвор од филозофијата, посебно во егзистенцијализмот и постмодерната.
Ниче ја започна кариерата како филолог пред да се префрли на филозофија. На 24 години тој стана професор на класична филологија на Универзитетот во Базел, но се откажа во1879 поради здравствени проблеми, проблеми кои ќе го следат во поголемиот дел од неговиот живот. Во 1889 доживеа ментален колапс, живеејќи го останатиот дел од животот под грижа на мајка му и сестра му се до неговата смрт во 1900.
Биографија
Фридрих Вилхелм Ниче во младоста
Роден е на 15 Октомври 1844, живеел во малиот град Рокен, близу Лајпциг, во Саксонија. Името го добил според Прускоит крал Фридрих Вилхелм IV, кој наполнил 49 години кога се родил Ниче. Родителите на Ниче, Карл Лудвиг (1813–1849), свештеник и поранешен учител, и Франциска Ехлер (1826–1897), се венчаа во1843. Неговата сестра, Елизабет,е родена во 1846, а неговиот најмал брат Лудвиг Јозеф во1848. Таткото на Ниче умира во 1849 од болест во мозокот, а неговиот брат во 1850. Тогаш неговата фамилија се пресели во Наумбург, каде што живееја заедно со бабата по неговиот татко и двете немажени сестри на неговиот татко. По смртта на неговата баба во 1856, неговата фамилија се пресели во нивната куќа.
Фридрих Ниче, 1861.
Ниче посетуваше машко училиште, а покасно и приватно училиште, каде што тој се спријатели со Густав Круг и Вилхелм Пидер, и двајцата од познати фамилии. Во 1854 тој почна да го посетува Domgymnasium во Наумбург, но откако покажа особени таленти во областите музика и јазик, меѓународно признатиот Schulpforta го зеде како нивни ученик, и таму тој ги продолжи своите студии од 1858 до 1864. Тука Ниче се спријателува со Пол Дојсен и Карл фон Герсдорф. Тој исто така наоѓаше време да работи на поеми и музички композиции. Во Schulpforta, Ниче се здоби со знаења од областа на литературата, посебно онаа на античките Грци и Римјани, и за прв пат беше оддалечен од својата фамилија.
По матурата во 1864, Ниче се запиша на студии по теологија и класична филозофија на универзитетот во Бон. По еден семестар ги прекина студиите по теологија и ја изгуби верата. Ниче, потоа се сконцентрира на студиите по филозофија од професорот Фридрих Вилхелм Ричл, кој го следеше и во универзитетот во Лајпциг следната година. Таму стана близок пријател со неговиот колега Ирвин Роде. Првите филозофски изданија на Ниче се појавија малку потоа.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!